(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТИ ВО НОВИ САД: Демонстрантите истурија фекалии во Градското собрание
Демонстрантите истурија фекалии во Градското собрание на Нови Сад.
Во Нови Сад, во тек е протестот поради смртта на 14 луѓе при уривање на натстрешницата на Железничката станица на 1 ноември, со барање да бидат казнети сите виновници за несреќата.
Демонстрантите донесоа трактор со цистерна полн со фекалии, кој го истурија врз Градското собрание, а потоа следеше кршење на стаклата на зградата.
Потоа демонстрантите се обидоа да го запалат Градското собрание, ставајќи неколку факели низ прозорците на оваа институција.
Во несреќата загина и македонскиот научник Васко Саздовски.
Upravo je bačen suzavac na građane ispred Gradske skupštine
Policija je kroz polomljena vrata bacila suzavac, a većina građana se sklonila sa samog ulaza#protest #NoviSad pic.twitter.com/F4vxwEZccn
— KRIK (@KRIKrs) November 5, 2024
Upravo je na ulaz u Gradsku skupštinu iz cisterne, koja je dovezena traktorom, izručena tečnost u kojoj se tvrdi da su fekalije
Širi se neprijatan miris centrom Novog Sada#protest #NoviSad pic.twitter.com/9DqD05RuKA
— KRIK (@KRIKrs) November 5, 2024