
ВИДЕО: Инцидент на Преспа форумот во Струга, панел се сруши врз луѓе!
Попладнево за време на официјалната церемонија при отворањето на 5. Преспа форум се случи голем инцидент. Поради силниот ветер видео бим падна врз модераторката Валбона Зенели за време на официјалната церемонија.
Попладнево во Струга има невреме со силен ветер и дожд, а вечерашниот настан е на отворено.
Во моментов нејасно е дали има повредени лица. Настанот е во прекин.