
ВИДЕО ХОРОР ВО АВСТРАЛИЈА: Автомобил влета во луѓе кои пиеле пиво во градина на хотел, тројца мртви, пристигна хеликоптер на брза помош
Полицијата во австралиската држава Викторија пристигна на местото на страшната сообраќајна несреќа северно од Мелбурн.
Локалните медиуми наведуваат дека има мртви откако автомобил удрил во паб на отворено и луѓе кои седеле таму во хотелот Ројал во Дејлсфорд.
Веб-страницата Flytradar24 го регистрираше хеликоптерот за брза помош кој пристигна во тој град.
Портпаролот на полицијата изјави дека се уште не се знае што се случило.
Австралиската телевизиска станица 9 Њуз објави дека три лица загинале, а неколку други се повредени.
Полицијата навела дека се се случило во шест часот попладне по локално време и дека се обидуваат да пронајдат можна снимка од автомобилот како влетал во градината на хотелот.
Дејлсфорд е туристички град кој се наоѓа на час и половина возење северозападно од Мелбурн.