
ВИДЕО: Хорор услови во психијатриската болница „Скопје“ Бардовци
Хорор услови за пациентите но и за вработените во психијатриската болница „Скопје“ кај Бардовци, објави Клан Македонија.
Во сторијата се вели дека една медицинска сестра треба да се грижи за 35 пациенти, а затворското одделение треба да биде затворено и треба да има полицајци е без обезбедување и затворска полиција па така секојдневно другите пациенти се жртви на овие затвореници.
„Денеска додека снимавме имаше напад со нож, а нападнатиот е во тешка здравствена состојба“, вели новинарот Фуркан Салиу.
Актуелниот долг на болницата е 28 милиони денари.
