
ВИДЕО Грчка вечер со сиртаки, узо и кршење чинии, а во срцето на Скопје
Тактот на грчките танци, вкусот на морската храна, звукот на традиционалните грчки инструменти и узото. Вистински делириум за посетителите на грчката вечер во Хотел Лимак во срцето на Скопје.
Летната сезона заврши но не и можноста да се ужива во одлична грчка музика, храна и пијалаци, а додека сте дома во Скопје. Ова се случуваше во петокот во Limak Skopje Luxury Hotel како дел од серијата настани за претставување на различни национални кујни.
Богато мени кое кај секој пробуди гурманство. Сиртаки и узо беа чести нарачки кај келнерите и бендот „Бузуки“ кои пак се меѓу ретките кои ја негуваат грчката музика со над 250 песни на репертоар.
Слободно место немаше, а се бараше и резервација повеќе за спектакуларната незаборавна вечер. Директорката за продажба и маркетинг Jелена Костадиновиќ заедно со својот тим љубезно ги пречекуваше гостите, а хостесите ги сместуваа на маси декорирани со грчки елементи.
Менито подготвено од искусниот тим на готвачи на хотелот ги вклучуваше познатите грчка салата, ѕаѕики, тарама, салата од морски плодови, како и саганаки, каламари, сармички од лозов лист, папуцаки, вртена пита и халуми сирење печено во кора. Во рамки на главните јадења што беа понудени како дел од шведската маса се најдоа мусаката, ќофтиња во сос од домати, суфлаки и гиро, а изборот на десерти го сочинуваа грчка баклава, парена торта и колачиња со шербет.
Не беше ниту изоставено традиционалното кршење на чинии.




