
ВИДЕО: Град со големина на лешник во Охрид, невремето ќе зафати и други делови од Македонија
Охридско – Струшкиот Регион денеска е зафатен од силно невреме проследено со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.
Градот е со големина на лешник, а според информациите од терен, на места има и со големина на орев.
На повеќе места се очекуваат локални поројни врнежи од дожд кои можат локално да предизвикаат брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците низ земјава, а можно е да има и локални проблеми во дел од градските населени места доколку таму бидат распределени интензивните врнежи. Предупредуваме на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците за време на викендот.