
(ВИДЕО) Град со големина на јајце паѓаше во Словенија
Невреме имаше во Словенија, каде паѓал град со големина на јајце.
Обилни врнежи, ветер и град имаше на западот на Словенија. Делови од државата останаа без струја, вода влезе во некои продавници, јавува 24ур.
Невремето се движело кон долината Випавска долина и Горишка. Водата поплави улици во Изола. Таа навлезе во некои дуќани, поплавен е и плоштадот Прешернов, јавува читател на 24ур.
Од Центарот за сообраќај и информации предупредуваат дека има одрони на одредени делници. Невремето продолжува да се движи кон север кон Горење.
Невреме имаше во Хрватска, Шпанија и Италија.
На Мајорка во Шпанија, ветерот носеше лежални и соборуваше палми.
