
ВИДЕО: Господин во одело, Џони Деп со нов имиџ
Холивудската ѕвезда Џони Деп се појави во Лондон во елегантно издание, со избричена брада и пократка коса.
Фановите се навикнати да го гледаат Џони во рокерски изданија со што многумина беа изненадени од неговиот нов имиџ.
Актерот сега одлучил, како што наближува до 61 година, на улиците на Лондон да се појави како вистински господин во одело, капут и вратоврска. На почетокот на оваа година тој ја покажа својата драстично послаба фигура.
Пријателите на холивудската ѕвезда велат дека на оваа промена влијаел неговиот живот во Лондон, кој очигледно му годи.
IG / whoopsee. it#JohnnyDepp pic.twitter.com/4IjmjWIwdF
— さのばびっちQ猫 (@Qsoneko_) April 16, 2024
