
ВИДЕО: Гори депонијата во близина на СЦ „Борис Трајковски“
Денеска повторно гори депонијата кај спортскиот центар „Борис Трајковски“ во скопски Карпош.
Екипи на Бригадата за противпожарна заштита со неколку возила од утрово го гасат пожарот, кој поради топлото време брзо се шири.
Од Општина Карпош велат дека тие пријавиле оти гори депонијата, која се пали постојано и покрај сите преземени мерки.
