Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО: Голем пожар вечерва во Скопје, гори мост со инсталации – не се знае дали има и гас!
Македонија

ВИДЕО: Голем пожар вечерва во Скопје, гори мост со инсталации – не се знае дали има и гас!

12/05/2023

AA

Големи пламени јазици се издигнуваат од мостот во близина на трговскиот центар Ист Гејт. Според првичните информации гори инсталација на струја и топловод.

ВИДЕО: Борислав Стоилковиќ

На друштвените мрежи се споделуваат слики и фотографии од инцидентот. На терен се екипи од противпожарната единица во Скопје, кои се обидуваат да го локализираат пожарот.

Од екипите на терен станува јасно дека се обидуваат да стапат во контакт со одредени компании за да откријат дали под мостот има и инсталација со гас. Што доклку ја има, би претставувало голем проблем и закана.

Остатци, најверојатно од пластика се гледаат и по течението на Вардар. А Скопје е прекриен со густ црн чад.

Фото: 4NEWS.mk

ЦУК: ноќва е изгаснат пожар на мостот „Беласица“ на Вардар, кај ТЦ „Ист Гејт“ во Скопје

Преку единствен број за итни повици 112 при Центарот за управување со кризи (ЦУК) на полноќ e добиен повик за пожар на долната страна на мостот „Беласица“ за моторни возила над реката Вардар, на истоимената улица „Беласица“ кај затворениот трговски центар „Ист Гејт“, што е во близина на бензинска пумпа на „Макпетрол“ кај трговскиот центар. Веднаш по добиената информација од страна на Секторот за операции и координација (СОК) и Регионалниот РЦУК Скопје на ЦУК биле известени сите можни институции и фирми, коишто имаат или, пак, е можно да имаат инсталации под мостот и е извршена координација со Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје, којашто била на терен со 8 противпожарни (пп) возила и 21 пожарникар.

Во 01.45 часот БППЗ на Град Скопје извести дека пожарот е локализиран, додеа дека нивна пп екипа се уште била на терен да догасува делови од пожарот, а во 1.50 часот ЈП „Железници“ извести дека електричниот напон бил вклучен.

Во 2.28ч Секторт за операции и координација на ЦУК извести дека воспоставиле контакт со ЕСМ за интервенција на постоечките топлински цевки што биле пукнати од пожарот.

За причините за пожарот и што точно горело, дополнително ќе бидат добиени информации, по увидот на терен.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy