
(ВИДЕО) ГЕСТ КОЈ ПРЕДИЗВИКА БУРНИ РЕАКЦИИ: Ердоган удри шлаканица на дете кое не сакаше да му ја бакне раката
Tурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган удри шлаканица на момче кое не му ја бакна раката. Ова видео предизвика бурни реакции.
Настанот се случи за време на церемонијата на доделување на куќите кои се обновени како дел од урбаната трансформација во северната провинција Ризе.
Две деца од едно семејство излегоа на сцената пред нивните родители. Ердоган им ја подаде раката за да му ја бакнат. Потоа тој го удри детето кое не сакаше да му ја бакне раката. Под видеото на Јутјуб, луѓето прашуваат дали Ердоган би сакал вакво нешто да им се случи на неговите внуци.
фото скриншот
