
ВИДЕО Физичка пресметка на младинскиот натпревар на Брагалница и Шкупи во Штип – родители нападнале играчи
Тежок инцидент се случи денеска во Штип по натпреварот на младинските екипи на Брегалница и Шкупи (генерација 2009-2010). Според локалните медиуми, до инцидентот дошло кога родители на играчите од гостинскиот клуб од Чаир влегле на теренот и физички нападнале играчи на Брегалница.
Како последица на нападот, едно дете има скршеница на ногата, додека друго доживеало повреди на главата.
Полицијата пристигнала на местото на настанот, а повеќе детали и официјални информации од МВР се очекуваат во текот на денот.
Случајот предизвика големо внимание кај јавноста и спортската заедница, а засега е во тек постапка за утврдување на сите околности околу инцидентот.