
ВИДЕО: Еве како украинската армија доставува вода до луѓето заробени по уништувањето на браната
Украинската армија објави видео на кое се гледаат беспилотни летала кои доставуваат вода до жителите на Олешки кои останаа заробени во нивните домови по уништувањето на браната Нова Каховка, пишува Гардијан.
Според украинските власти, повеќе од 42.000 луѓе биле погодени од катастрофалните поплави предизвикани од уништувањето на браната.
Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски зборуваше на Телеграма по состанокот со министри и официјални претставници во врска со уништувањето на браната Нова Каховка, велејќи дека евакуацијата на луѓето и итно снабдување со вода за пиење се главни приоритети.
Тој, исто така, ги обвини окупаторските руски власти во јужен Херсон на левиот брег на Днепар дека не ја исполниле својата должност да ги евакуираат жителите и дека Украина ќе апелира до меѓународните организации да им помогнат на тие луѓе.
The Ukrainian military will never leave civilians behind.#Kakhovka #Kherson #Oleshky
🎥 @bo_pavlo, 406th Artillery Brigade pic.twitter.com/spp8gbidYW
— Defense of Ukraine (@DefenceU) June 7, 2023