
ВИДЕО Емоции до небо во Рим, Маестро Нацоски гордо ја испеа македонската химна
На македонскиот оперски пејач Благој Нацоски му беше укажана честа да ја испее македонската химна на стадионот „Олимпико“ во Рим, пред натпреварот меѓу фудбалските селекции на Македонија и Италија.
Неговата изведба на химната беше добро прифатена, дури и од страна на фудбалерите на Италија, кои му аплаудираа. Во текот на изведбата на македонската химна, италијанските навивачи свиреја, што беше очекувано поради натпреварувачкиот дух и претходните натпревари помеѓу овие две репрезентации.
Македонската фудбалска селекција продолжува со настапите во квалификациите за Европското првенство во Германија, а за Нацоски ова беше втор пат да ја испее химната на натпревар, првиот пат беше во 2016 година во Скопје.
