
ВИДЕО Експлодира батерија на е-велосипед во соба во хостел: Туристи во паника си го спасиле животот
Надзорните камери на австралиски хостел го снимиле драматичниот момент кога електричен велосипед експлодирал во соба.
На видеото се гледа како туристите во паника излегуваат од собата кога ненадејно избувнал пожарот и чад го исполнил целиот коридор.
Еден француски турист се здоби со полесни изгореници, додека други 70 беа евакуирани по експлозијата.
Според пожарникарската и спасувачката служба на Нов Јужен Велс, се сомнева дека експлозијата била предизвикана од неисправна батерија на е-велосипед која била оставена да се полни.