Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО „Ќе објавам интервју со Путин“: Контроверзен американски новинар ја шокира светската сцена
Македонија

ВИДЕО „Ќе објавам интервју со Путин“: Контроверзен американски новинар ја шокира светската сцена

09/02/2024

AA

Новинарот Такер Карлсон најави дека ќе го постигне она што другите западни новинари не успеаја да го направат во последните две години – да објават интервју со рускиот претседател Владимир Путин.

Карлсон неодамна беше во Москва каде привлече големо внимание, а се шпекулираше дека бил таму за да го интервјуира Путин, што тој сега го потврди.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков го потврди интервјуто на Карлсон со Путин, велејќи: „Да, можам да го потврдам тоа“.

Карлсон најави дека ќе емитува „немонтирано“ интервју со Путин, нагласувајќи дека сака да им дозволи на гледачите да „извлечат свои заклучоци“, без да го следи пристрасниот пристап за кој вели дека корумпираните мејнстрим медиуми го преземаат.

Тој истакна дека неговиот тим самостојно го платил патувањето во Русија за интервјуто со Путин и дека не земале пари од ниту една влада или група. Тој ги критикуваше западните медиуми дека избегнуваат интервјуа со Путин и претпочитаат интервјуа со украинскиот претседател Зеленски, кои, според Карлсон, даваат едностран поглед на војната во Украина, пренесува Си-Ен-Ен.

Сепак, Карлсон не објасни дека Путин од почетокот на војната речиси и да не дава интервјуа на западни новинари, избегнувајќи медиумски настапи каде што ќе треба да одговори на „тешко прашање“ за Украина. може да му се постават тешки прашања за Украина. Песков потврди дека Карлсон е единствениот западен новинар со кој Путин во моментов е подготвен да разговара.

Неколку западни новинари го критикуваа пристапот на Карлсон, нагласувајќи дека и тие се обидувале да го интервјуираат Путин и дека ќе продолжат со тие напори.

Дописникот на Си-Ен-Ен, Кристијане Аманпур напиша: „Тоа е апсурдно – ќе продолжиме да бараме интервју, како што правевме со години“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Путин: Замрзнувањето на руските златни и девизни резерви на Запад не е кражба, туку грабеж!

26/06/2025

Можната конфискација на руските златни и девизни резерви замрзнати во западните банки е грабеж, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

ВИДЕО Силно невреме ја погоди Франција: Две лица загинаа, 17 повредени!

26/06/2025

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени во силното невреме што ја погоди Франција, соопшти тамошниот Сектор за цивилна

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy