
(ВИДЕО) „ДРЖАВАТА Е УБИЕЦ“,„ИТНО ОТСТРАНЕТЕ ГО МИЦОТАКИС“ – Атина гори од протестите поради стравичната железничка несреќа
Судири меѓу полицијата и демонстрантите избија во Атина поради железничката несреќа во Грција претходно оваа недела, во која загинаа најмалку 57 лица. Студентите и железничарите протестираа во центарот на Атина поради несреќата, најсмртоносната во грчката историја.
Демонстрантите запалија корпи за отпадоци и фрлаа молотови коктели, а полицијата одговори со солзавец и шок-бомби во центарот на грчката престолнина, забележуваат новинарите на АФП. Според полицијата, околу 7.500 луѓе се собрале пред парламентот во Атина опремени со транспаренти, одговарајќи на повикот на студентите, железничарите и вработените во јавниот сектор.
Стотици црни балони беа пуштени на небото во спомен на жртвите од судирот на патнички воз од Атина за Солун и товарен воз во вторникот вечерта. „Чувствуваме огромен гнев“, изјави за АФП синдикалецот Михалис Хасиотис, кој се приклучи на маршот. „Алчноста и отсуството на мерки за заштита на патниците доведоа до најголемата железничка трагедија во нашата земја“, додаде тој.
По несреќата имаше предупредувања за дотраеност на железничката мрежа, разни проблеми во сигнализацијата и безбедносниот систем на пругата, а одговорноста ја призна и управителот на станицата во Лариса, градот најблиску до несреќата. „Ништо не оди добро во оваа земја… Кого лажат? изјави Никос Цикалакис, претседател на синдикатот на железничарите.
Некои демонстранти запалија корпи за отпадоци и фрлаа молотови коктели, додека полицијата одговори со солзавец и шок бомби.
Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше: „Државата е убиец“, „Итно отстранете го Миcотакис!“, „Вие 300, молчете!“, што е пораката упатена до пратениците.
Да потсетиме, страшна железничка несреќа се случи во понеделникот нешто пред полноќ кога патнички воз со повеќе од 350 луѓе се судри со товарен воз во централна Грција, недалеку од градот Лариса.
Фото: ЕПА
A large protest took place in Athens today over the #greecetraincrash. Much of #Greece society does not consider this an accident, rather it holds the government responsible for obsolete infrastructure. pic.twitter.com/DnH8uNMEa5
— Savvas Karmaniolas (@savvaskarma) March 5, 2023

