
ВИДЕО: Драма во Собрание, искршени компјутери – амандмани летаа во воздух…
Вистинска драма попладнево се случи во македонското Собраие. Пратеникот Борислав Крмов од редовите на Левица скрши екран на местото каде што седи прецедавачот на седницата, во случајов Горан Мисовски.
Неговите поплаки беа, бидејќи амандманите на Левица не биле заведени од страна на собраниските служби.
„Исти се како претходните 1800 кои беа прифатени. Инаку како што гледате тука тие се оригинали. Мора да ја прекинете седница“, видно нервозно Крмов се обраќа кон потпретседателот на Собранието.
На крајот од инцидентот во салата влетува и претседателот на Собранието Талат Џафери.