
ВИДЕО Драма над Лазарополе: Цела ноќ заглавени во снег без сигнал – специјалци ги спасија вработените на А1
Инцидентот бил пријавен доцна синоќа (10 јануари) во 23:30 часот во СВР Тетово. Било јавено дека лицата се наоѓаат во близина на базната станица на операторот, но со нив не можело да се воспостави контакт поради прекин на мобилната мрежа.
Веднаш по алармот, подигнати се сите надлежни служби. Во акцијата за пребарување и спасување се вклучиле:
Спасувачите се упатиле кон непристапниот терен со две теренски возила опремени со санки за снег и специјална опрема.
По неколкучасовна потрага, утрово во 08:30 часот, екипите успеале да се пробијат до заглавените лица. Тие биле лоцирани на местото викано „Коритник“, во близина на предавателот, каде што останале блокирани со своето теренско возило „Фолксваген Амарок“ со скопски таблички.
Станува збор за Г.Н. (47) и М.М. (37), двајцата од Скопје. За среќа, и покрај ниските температури и ноќта помината во снежната блокада, тие се извлечени во добра здравствена состојба.
