
(ВИДЕО) ДОЖД, ГРМЕЖИ, ТОРНАДО: Невреме ја зафати Хрватска
Невреме денеска ја зафати Хрватска. Во близина на Ровињ е снимена голема пијавица на небото.
Во северното приморје и регионот на Истра имаше невреме. Дожд со грмежи ги зафатија Пореч и Умаг пред неколку часа, објави Истрамет. Но, нов посилен фронт на бура со многу молњи пристигна над западниот дел на Истра.
„Подгответе се за силни грмотевици кои можат да предизвикаат големи штети и заштитете се од гром. Можни се штети на имот и дрвја. Можни се локални поројни поплави, налети на ветер и град. Можни се прекини во активностите на отворено и сообраќајот“, предупредија од хрватската хидрометереолошка служба, пренесуваат хрватските медиуми.
Невреме вчера имаше во Германија, Шпанија, а предупредување е издадено и за Италија.
фото: принтскрин Твитер
