
Видео: Деветгодишно девојче, најмладата новинарка од појасот Газа
Деветгодишното девејче Лама Абу Џамус е најмладата новинарка која известува за време на војната од појасот Газа.
Таа почнала да го користи мобилниот телефон на својата мајка и да снима видеа со кои прикажува низ што поминуваат луѓето во појасот Газа. Видеата ги објавува на својот инстаграм профил кој досега брои 750.000 следбеници.
Инспирација на девојчето е нејзиниот татко, кој работи како новинар за медиумот „Ал Џезеира“. Тој изјави дека е многу горд на неа.
„Сакав јасно да му покажам на светот дека децата во Газа страдаат. Нема храна и вода. Немаме ништо“, вели малата новинарка која ги објавува своите репортажи на Инстаграм.
Откако Израел одговори на нападите на Хамас со офанзива во октомври, Лама и нејзиното семејство беа принудени да го напуштат својот дом поради честите воздушни напади. Моментално е во егзил на југот на Појасот Газа, пренесува Си ен ен.
View this post on Instagram
