
ВИДЕО Детали за несреќата кај Желино: Судир на два камиони, повреден возачот на „Македонија Пат“
Официјализирани се информациите за сообраќајната несреќа која утрово го отежна сообраќајот на автопатот Скопје – Тетово. Во судирот учествувало возило на ЈП „Македонија Пат“, а едно лице завршило во болница.
Според информациите од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово, несреќата е пријавена утрово во 10:05 часот.
Инцидентот се случил на автопатот, на околу 500 метри по исклучувањето за селото Желино. Во судирот учествувале две товарни возила:
Товарно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на „Македонија Пат“, управувано од Ј.С. (54) од тетовското село Рогле.
Товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С. (51) од Скопје.
Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот на возилото на „Македонија Пат“, 54-годишниот Ј.С. Тој веднаш бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, каде што му биле констатирани повредите и му била укажана лекарска помош.
Екипа на СВР Тетово извршила увид на местото на настанот за да се утврдат причините за судирот.

