Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО Давкова призна! Трајко Славески не бил нејзин избор за гувернер на Народна банка
Македонија

ВИДЕО Давкова призна! Трајко Славески не бил нејзин избор за гувернер на Народна банка

03/06/2025

AA

Претседателката Гордана Силјановска Давкова јавно одговори на дел од критиките во врска со изборот на новиот гувернер на Народната банка, посочувајќи дека одлуката ја донела по внимателна анализа на стручноста, интегритетот и кредибилитетот на кандидатите, а не врз основа на политичка припадност или лични преференции.

„Не прифаќам генерални квалификации. Да, преферирам жени, тоа го повторувам, и имав и свој кандидат и кандидатка. Но, мора да бидеме реални – не е доволно само да предложите некого, ако тој кандидат нема да помине на гласање“, рече Силјановска Давкова, алудирајќи на потребата од политички договор во Собранието.

Таа го бранеше професорот Трајко Славевски, кој беше предложен за нов гувернер, од критиките поврзани со неговата партиска ангажираност во минатото. „Законот за Народна банка не предвидува ограничување за партиска функција пред мандатот, туку само за време на мандатот“, изјави претседателката, додавајќи дека вистинскиот проблем со партизацијата на институциите се јавува кога на клучни позиции доаѓаат нестручни и неквалификувани лица.

„Не е фер да се дискредитира професорот Славевски. Станува збор за светски признаен експерт, за кого не постојат афери, ниту криминал. И порано сме имале гувернери кои биле политички активни – како Петар Гошев, па тоа не било пречка“, рече таа.

Силјановска истакна дека нејзината одлука се темелела на проценка на стручност, искуство и непристрасност. „Кога ќе дојдете до одредена возраст и сте остварени во својата професија, имате зрелост и капацитет да водите институција од вакво значење. Важно ми беше да не препознавам партиска реторика во кандидатот“, нагласи таа.

Во однос на мандатот, претседателката упати забелешка кон законската рамка. „Седумгодишниот мандат, со можност за реизбор, значи потенцијални 14 години на функција. Тоа е многу. Како поранешна членка на Венецијанската комисија, сметам дека за вакви долги мандати треба да се предвиди само еден циклус“, рече Силјановска.

Претседателката упати и критика кон дел од јавноста која, според неа, го напаѓа секој избор од политички или лични причини. „Постои една група луѓе која мисли дека сите други се неспособни – сè знаат, сите ги критикуваат. Тоа не го разбирам“, рече таа.

На крајот, таа испрати порака за поголем консензус и политичка одговорност. „Потребно е за клучните прашања да се договараме дома, а не да излегуваме со спротивставени ставови надвор. Тој принцип се обидувам да го применувам и во однос на власта и во однос на опозицијата“, заклучи Силјановска Давкова.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор

08/11/2026
Македонија

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од

08/11/2026
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ

08/11/2026
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
Македонија

СДСМ СОЗДАВА ЛАЖЕН НАРАТИВ ЗА ЕСМ Платите не доцнат, туку

08/11/2026
Македонија

СДСМ И ВЕНКО ПРВО ДА НАУЧАТ КОЈ Е НАДЛЕЖЕН ЗА

08/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46658
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор на Торакална

08/11/2026

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од Врапчиште доби пријава по расправија

08/11/2026

Двегодишно дете било однесено во Швајцарија без знаење и согласност на неговата мајка, откако таткото претходно се скарал со сопругата.

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ ИМИЊА“ На протести во Скопје

08/11/2026

Со пораките „Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“ и „Не бараме сочувство, бараме одговорност“ граѓани и активистки во Скопје

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy