Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО Дарко Златев, еден од повредените во „Пулс“:  Воопшто не се нервирам за моите раце што се вакви колку што ми е криво што го изгубив моето ангелче затоа што нема нешто повеќе што сум го сакал од неа!
Македонија

ВИДЕО Дарко Златев, еден од повредените во „Пулс“: Воопшто не се нервирам за моите раце што се вакви колку што ми е криво што го изгубив моето ангелче затоа што нема нешто повеќе што сум го сакал од неа!

24/06/2025

AA

Дарко Златев, еден од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани емотивно сподели дека во кобниот пожар вечерта во дискотеката ја изгубил својата внука.

Тој вели дека воопшто не се нервира за неговите раце што се изгорени, туку што го изгубил неговото ангелче.

-Бевме на забава со моите другари во дискотеката и седевме точно кај бината од каде започна пожарот. Кога видов дека веќе се пали плафонот и почнав со мојата вода и со другарите да гасиме. Дојде и газдата на дискотеката со ПП-апарат почна да гаси ама тој ПП-апарат не беше соодветен. Пејачот на бендот ДНК почна да вика во тој момент излегувајте еден по еден тоа беше толпа на народ. Целиот плафон се запали, бев многу блиску до вратата и се заглавив на самиот излез. Снема струја, многу голем чад имаше, пискаа, викаа сите… Јас ги ставив само рацете да не ми изгори главата и веќе се откажав и другиот колега го видов како помага на луѓето и тој ме извлече надвор без патики, без алишта… Дојде брза помош ме однесоа во кочанската болница ми ставија инфузија, сестрите колку можеа помагаа на некои не можеа и ме однесоа за Скопје. Вечерта ме испратија за Белград имав трет степен изгореници на десната рака, имав потешкотии со дишењето. На левата рака имам трансплатации на прсти и на дланка, на десната рака имам кожа одземено од сопствените нозе. Се јавив на мојата сестра да прашам како е мојата внука, и она ми кажа дека е почината. Бев во депресија, не можев да го прифатам тоа што сум го изгубил. Воопшто не се нервирам за моите раце што се вакви колку што ми е криво што го изгубив моето ангелче затоа што нема нешто повеќе што сум го сакал од неа. И никогаш животот нема да ми биде ист како што ми бил до сега, вели Златев со солзи во очите.

@balkanmmoments #macedonia #viralvideos #fyp #macedonia🇲🇰 #balkan #balkantiktok #v #f #foru #foruyou #kocani ♬ Originalton – Roberto

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy