
ВИДЕО: Даравелски излезе од затвор, го чекаше автомобил со затемнети стакла…
По поминати 35 дена во затвор, наместо 7, денеска поранешниот директор на Царината Драган Даравелски беше пуштен од Идризово, јавува Телма телевизија.
Според телевизијата, надвор го пречекале два автомобили со затемнети стакла, со кои се упати кон Куманово.
Даравелски вчера доби позитивен одговор на барањето за повторување на судењето што, пак, го отвора патот за застарување на делото кое му се става на товар.
Инаку, Даравелски беше во бегство две децении. Во отсуство беше осуден на седум години затвор за злоупотреба на службената положба, а пресудата му е правосилна од 2008 година.