
ВИДЕО Црн чад се издига над Скопје, се гледа од секој дел на градот!
Во попладневните часови денеска избувна нов голем пожар во околината на скопската општина Илинден.
Густ облак од црн чад се издига високо и е видлив од сите делови на главниот град, предизвикувајќи вознемиреност кај граѓаните.
Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов има пожар во Нула Отпад Скопје.
