
ВИДЕО Членови на партијата Десна изразија незадоволство пред судот за случајот на убиството на Вања и Панче
Шест членови на партијата Десна утрово, пред почетокот на судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, изразија незадоволство и сомнежи во правичноста на судскиот процес. Пред зградата на Кривичниот суд, преку транспаренти и кратки говори, тие ја искажале својата загриженост, тврдејќи дека се врши прогон на членовите на нивната партија и дека партиското седиште било запечатено од истражните органи.
Во меѓувреме, во Основниот суд продолжи судењето, на кое се очекуваше Јавното обвинителство да се произнесе по барањето на обвинетиот Љупчо Палевски за изземање на целото скопско Обвинителство од постапката.
