
ВИДЕО Брутално врсничко насилство во Сарај: Петмина ученици претепале двајца врсници во училишниот двор – едното дете со скршен нос
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје покрена постапка против група од пет малолетници, на возраст од 14 и 15 години, поради основано сомнение дека извршиле кривично дело „Насилство“. Тие се товарат дека брутално претепале двајца свои врсници во дворот на Основното училиште „Дитурије“ во скопски Сарај.
Инцидентот, кој ја вознемири јавноста и учениците, се случил на 12 декември. Групата насилници ги пресретнала жртвите на самиот излез од училишниот двор додека тие тргнувале да си одат дома.
Според информациите од Обвинителството, нападот бил жесток. Групата, во која учествувало и едно дете помладо од 14 години (кое законски не подлежи на кривична одговорност), ги нападнала двајцата 14-годишници со тупаници и клоци, удирајќи ги по главата и телото.
Билансот од тепачката е сериозен:
Насилството се одвивало пред очите на други ученици кои во тој момент излегувале од наставата, со што било предизвикано чувство на страв и несигурност.
Надлежниот јавен обвинител до Судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка.
Земајќи ја предвид возраста на децата во судир со законот, но и сериозноста на делото, Обвинителството предложи да им бидат определени мерки на претпазливост:
