
ВИДЕО Божица го победи ракот и го удри ѕвоното на Детската клиника во Скопје
Среќа и солзи следуваат на Детската клиника откако ѕвоното ќе заѕвони и ќе ја означи среќната вест. Малата хероина Божица го победи ракот и заминува дома кај своите родители.
„Уште едно дете го победи ракот и си оди дома. Многу среќа ни донесе оваа наша Божица“, напишаа од САНО, здружението за помош на деца со малигни заболувања и нивните родители.