
ВИДЕО Божиќно изненадување во Зоолошката градина во Скопје – се роди јагне
Празнична радост во Скопје! Денеска на Божиќ во Зоолошката градина се роди мало јагне.
Од ЗОО велат дека малечкото е здраво и полно со енергија, а мајката внимателно се грижи за него. Вработените додаваат дека ваквите „празнични бебиња“ секогаш носат посебна магија и убавина на празниците.
Посетителите деновиве ќе можат да го видат новиот жител на ЗОО, кој веќе предизвикува насмевки и убаво расположение кај најмалите.
