
(ВИДЕО) БЕГААТ МЕШТАНИТЕ И ТУРИСТИТЕ: Aлармантно е со пожарите на Родос
Ситуацијата со шумскиот пожар на грчкиот остров Родос е алармантна. Има масовна евакуација на жители и на туристи од хотелите. Огромни облаци од чад се извиваат над островот.
Евакуирани од два хотела во одморалиштето Киотари, затоа што шумскиот пожар веќе петти ден гори и е надвор од контрола. Во хотелите има над 30 автобуси за превоз на туристи во побезбедна област, пренесе грикрепортер.
Властите го евакуираа и селото Лаерма и другите населени места. Мештаните во Лаерма ја добиле СМС пораката за евакуација 112 вчера околу 22.30 часот.
Туристите и локалните жители се повикани да се преместат на плажата Лардос, каде што грчката крајбрежна стража распореди голем број бродови доколку е неопходна евакуација. Голем дел од островот е без струја затоа што електраната во јужен Родос е затворена од безбедносни причини.
Грција денеска е во максимална готовност и поради топлотен бран со очекувани температури над 44 Целзиусови степени. Ова е најтопол викенд за последните 50 години.
Претходните лета Грција, Турција и други земји се соочуваа со големи шумски пожари.
#Rhodes #fire Lardos being told to evacuate pic.twitter.com/6xhvqgAbcz
— mark fiander (@markfiander2) July 22, 2023
