
ВИДЕО Автомобил се запали на автопатот Скопје-Тетово
Попладнево автомобил се запали на автопатот Скопје – Тетово.
Неофицијално се дознава дека возилото во моментот кога се запалило било во движење, пренесува ТВ21.
Се сомнева дека пожарот настанал поради дефект.
Пожарникарите се на терен, но евидентирана е само материјална штета.

