
ВИДЕО Автобус на ЈСП се излизга во Козле, а кола на патарина кај Петровец
Снежниот бран продолжува да сее хаос низ државата. На социјалните мрежи се шират загрижувачки снимки кои покажуваат дека ситуацијата излегува од контрола – од градските улици во Скопје, па сè до главните автопатски делници.
На социјалните мрежи се појави видео од скопската населба Козле, каде автобус на ЈСП целосно се излизга на стрмните и неисчистени улици.
Само за среќа е избегната поголема трагедија, со оглед на тежината на возилото и лизгавиот терен.
Речиси истовремено, пристигнаа вести и од автопатот кон Скопје. На патарината кај Петровец, патничко возило поради неприлагодена брзина и замрзнат коловоз се излизгало.
