
ВИДЕО Авион од Лондон кружи над Скопје и не може да слета поради густа магла
Авио сообраќајот и утрово се соочува со проблеми поради густа магла на скопскиот аеродром. Во моментов авион од Лондон на компанијата Виз Аир кружи над Скопје и не може да слета поради намалена видливост.
По неколку обиди тој најверојатно ќе биде пренасочен кон соседството.
Од утрово, авионот не пристигна за Цирих и доцни повеќе од 4 часа. Речиси три часа доцни и авион за Истанбул, а 50 минути за Измир.
Доцнење има и кај полетувањата бидејќи авионите не може да пристигнат во Скопје.
Густа магла има во Скопје, а тоа се гледа и од дрон снимката која утрово ја направи екипата на 4NEWS.mk

