
ВИДЕО „Јас сум Албанец“: Граѓанин одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик
На социјалните мрежи масовно се шири видео на кое што се гледа како двајца полицајци се обидуваат да излезат на крај со лице кој одбива да зборува македонски и постојано инсистира комуникацијата да се одвива на албански јазик.
Имено, полицајците му напишале казна за сообраќаен прекршок, но лицето не ја прифаќа затоа што таа била напишана само на македонски јазик и упорно ги снима полициските службеници.
„Ти си македонски државјанин, мора да знаеш македонски јазик, не си странски државјанин – на културен начин и со смирен тон му вели еден од полицајците и му ја подава казната“, вели полицаецот на што лицето вели на албански јазик „Јас сум Албанец“.
Најголем дел од корисниците на социјалните мрежи упатуваат поддршка до полицајците, кои, според нив, професионално си ја завршиле својата работа.
