Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 (ВИДЕО) Анима Мунди: Во Штип човек шета со пушка и пука во мачки, во Виница возач влечел врзано куче
Македонија

(ВИДЕО) Анима Мунди: Во Штип човек шета со пушка и пука во мачки, во Виница возач влечел врзано куче

09/06/2023

AA

Среде бел ден во Штип во населено место возрасен човек шетал со оружје и пукал во мачка, а истиот ден во Виница возач со автомобил влечел врзано куче, објави организацијата за заштита на животните „Анима Мунди“.


https://4news.mk/wp-content/uploads/2023/06/350704082_5951714591622020_7594767850836371642_n.mp4

„До кога секој силеџија и социопат ќе чувствува комодитет да стрела по животни, знаејќи дека за делото нема да одговара?
Или во насилството врз животните девијација, или ќе го препознаеме дури тогаш кога ќе ескалира и врз луѓе?!

Во Штип среде бел ден, во населена средина возрасен човек шета со оружје, нишани и стрела животни да ги осакати и убие, при што е сериозно повредена мачка на негови комшии. Куса снимка од ова лице, кое лежерно и без трошка страв пукало по што ќе му текне, кршејќи најстрого закон, ни пуштија жители од населбата, преплашени за својата безбедност , но и безбедноста на своите миленици.

Среде бел ден е предизвикана сериозна опасност на јавноста и мачени се и убивани животни, што се кривични дела за што е потребно итно постапување на надлежните и најстрога казна за сторителот.

https://4news.mk/wp-content/uploads/2023/06/351418639_6929371173758993_6498428448069981098_n.mp4

Истиов ден, во Виница, возач со автомобил со регистерска табличка VI 8923 AB влече врзано куче, кое нема опција освен да трча без престан, во спротивно ризикува да биде задавено. И не треба многу познавање за да се увиди она што е повеќе од очигледно, а тоа е присилување животно да биде во ситуација која е болна, исцрпувачка , која во најмала рака предизвикува чувство на немоќ и страв што е насилство врз животни. Вакво лице би било запрено од службени лица веднаш во секоја ЕУ држава, строго казнето; во Македонија не.

Информираме дека неколку лица се обиделе да пријават во полиција – потенцираме, се обиделе, бидејќи полицијата не ни сакала да прими и евидентира ваква пријава од X причини, што значи за нив не се случило ништо што отстапува од нормалноста. Е токму непостапувањето на службените лица значи злоупотреба на должноста и дава поттик на насилниците и понатаму да мачат, убиваат и поминуваат неказнети.

Ова се само дел од случувањата кои се наше секојдневие и кои за жал само споделени вака јавно можат да резултираат со разрешница.
Ги повикува институциите итно да започнат со сериозни истраги, најстрого да ги казнат сторителите, затоа што, како што велат, ваквите индивидуи се закана по безбедноста и животот на секое битие, независно дали животно или човек!“, соопштија од „Анима Мунди“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy