
Видео: Американка најдена во камион за ѓубре – чудно е како преживеала
Повозрасна Американка, од Њу Хемпшир, чиј идентитет не се соопштува, завршила во контејнер а потоа и во камионот за ѓубре.
Како што соопштува полицијата, таа им кажала дека паднала во големата канта додека си го фрлала отпадот, а потоа завршила и во камионот.
Возачот ја забележал несреќната жена на камерата, но дури откако по четврти пат го префрлил товарот.
Жената е пренесена во болница.
Сеуште не е познатоколку време таа поминала во контејнерот и во камионот.