
ВИДЕО Акцијата продолжува во струмичко: Запленети 21 тон марихуана
Министерството за внатрешни работи спроведе обемна координирана операција во рамките на континуираните активности за сузбивање на нелегалната трговија со наркотични средства.
Во текот на денешната акција, полициските службеници запленија вкупно 21 тон марихуана. Истрагата треба да утврди дали и како биле злоупотребени законските дозволи за производство на канабис во медицински цели.
Од МВР потврдуваат дека се работи на целосно расчистување на случајот и најавуваат дополнителни детали по завршување на сите истражни дејствија.

