
ВИДЕО: Јахтата на Садам Хусеин стана хотел за морнари
Супер јахтата на Садам Хусеин станува хотел за морнари. 82-метарската јахта Basra Breeze била изградена за него во 1981 година. Сепак, ирачкиот диктатор никогаш не се качил на неа.
Сега во неговите удобности ќе уживаат бродарите кои ја водат пловидбата до и од пристаништето Басра, главниот град во јужен Ирак.
Јахтата има претседателски апартман, како и 17 помали соби за гости, 18 кабини за екипаж и клиника.
Saddam Hussein’s 30 million dollars yacht repurposed as a hotelhttps://t.co/pD3580OVK0 pic.twitter.com/0GT78vxNB3
— Ashoka News (@Ashokanews1) May 24, 2018
Басра Бриз ги преживува превирањата околу падот и смртта на Садам. Меѓутоа, бродот „Ал-Мансур“ од истата серија има поинаква судбина.
Потона во каналот што минува низ Басра, откако беше погоден од американски авиони и ограбен во хаосот што следеше по соборувањето на Садам.

