
ВИДЕО: Ајкули пливаа покрај плажа во Шпанија
Бројот на ајкули кои пливаат во близина на шпанскиот брег од ден на ден се зголемува, што ги плаши и туристите и локалното население.
На социјалните мрежи се споделуваат видеа од две сини ајкули кои пливаат во плиткото крај плажата Портбу во каталонскиот регион, пренесува Вечерњи лист.
И покрај паниката предизвикана од ајкулите, никој не е повреден. Во тој момент, некои капачи успешно стигнаа до брегот, додека други се искачија на платформата во морето. „Плажата Портбу е сосема безбедна. Сините ајкули често се забележуваат на плажите во општината, бидејќи тие се автохтони во областа“, рече градоначалникот Гаел Родригез, а пренесува Дејли Мејл.
Овој инцидент е само еден од низата инциденти поврзани со ајкула во близина на каталонскиот брег. На три плажи е забрането пливање поради присуството на овие животни. Сината ајкула ретко ги напаѓа луѓето, може да порасне и до четири метри и да тежи над 200 килограми, а е вклучена и во листата на загрозени видови.
Ensurt a Portbou per l’aparició de dues aletes enmig de la badia.
Vídeo: Tona Criado pic.twitter.com/krD69H6s00— Ramon Iglesias (@RamonIglesias68) July 16, 2023

