Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО Ајкула и ги одгриза двете раце на жена: Страшен напад во плитко, сопругот гледал се!
Македонија

ВИДЕО Ајкула и ги одгриза двете раце на жена: Страшен напад во плитко, сопругот гледал се!

15/02/2025

AA

Туристка наводно ги изгубила двете раце во напад на ајкула на Карибите откако се обидела да ја фотографира.

Канаѓанката, која е идентификувана како Натали Рос (55), била нападната во плиткото крај плажата Томпсон Ков на островите Туркс и Каикос на Карибите околу 10:30 часот на 7 февруари.

Медиумите пренесуваат дека нејзиниот сопруг се обидел да ја спаси од ајкулата, пред жената да биде донесена на брегот.

На фотографиите кои ги објави Метро се гледа како жената лежи на плажа, додека нејзиниот сопруг и другите се обидуваат да и го спречат крварењето.

Magnetic Media јавува дека жената ги загубила двете раце и дека ајкулата ја каснала и за бутот.

Со хеликоптер била пренесена во болница и се очекува да преживее.

„Се верува дека ајкулата е долга околу два метри, но сè уште не е познато за каков вид станува збор. Утврдено е дека туристката се обидела да стапи во контакт со животното од плиткото во обид да се фотографира“, соопшти владата на островот.

Владата ја затвори плажата по нападот, а повторно ја отвори кога беше утврдено дека ајкулата навлегла во подлабока вода.

Оттогаш беа објавени снимки од ајкулата во водата во близина на местото каде што се случи нападот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РОЗИ МИЦКОСКА НА ПРИЕМ КАЈ МЕЛАНИЈА ТРАМП Светска иницијатива за

23/09/2026
Македонија

НА УЧИЛИШТЕ ОД 8 ДО 16:30 ЧАСОТ!? Едносменска настава и

22/09/2026
Македонија

ПОТВРДА ЗА ЗАЦВРСТУВАЊЕ НА ПАРТНЕРСТВОТО СО САД Петрушевски за средбите

22/09/2026
Македонија

ВО ЊУЈОРК СРЕДБА МИЦКОСКИ-ЈАНША Градиме пријателства, создаваме можности и работиме

22/09/2026
Македонија

ЛЕТОТО СЕ ВРАЌА НА КРАЈОТ НА СЕПТЕМВРИ Македонија може повторно

22/09/2026
Македонија

БУНТ ПРОТИВ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КУМАНОВСКИОТ СУД Вработените се жалат на

22/09/2026
Македонија

УНГАРЕЦ СЕ ОБИДЕЛ НЕЛЕГАЛНО ДА ВНЕСЕ 200.000 ЕВРА ВО МАКЕДОНИЈА

22/09/2026
Македонија

ГРУБИ ЗАКАНИ ЗА ПОДДРЖУВАЧИТЕ НА РУДАРСТВОТО Најавен протест или линч

22/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45736
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy