(ВИДЕО) 14 МИНУТИ МОЛК: Жителите на Нови Сад оддадоа почит на загинатите во железничката несреќа
Граѓаните на српскиот град Нови Сад, денеска со 14 минути молк оддадоа почит на жртвите кои загинаа на 1 ноември, откако се урна натстрешница на Железничката станица. Загинаа 14 луѓе, меѓу кои и македонскиот научник Васко Саздовски.
Во 11:52 часот, точното време кога се случила трагедијата, граѓаните застанаа на улиците. Многумина излегоа од своите возила и го запреа движењето. Оваа акција беше иницирана како знак на протест и поддршка за семејствата на жртвите, но и како израз на револт поради тоа што нема одговорност и транспарентност од властите.
Граѓаните поставија црна лента пред железничката станица и пуштија во воздух 14 црни балони како симбол на почит за секоја од жртвите.
Градот Нови Сад нема да организира дочек на Новата година ниту на Стара нова година, од почит кон жртвите. Три лица се тешко повредени и се во болница.
#novisad stao #14 pic.twitter.com/QcLp6kxWa7
— zarko bogosavljevic (@zarkobns) November 15, 2024