
Видал тешко го повреди коленото, со солзи го напушти теренот и ќе оди во – пензија
Видал се повредил на загревањето за мечот, но иако почувствувал болка решил да ја игнорира, па одигра повеќе од еден час. Сепак, компликациите продолжиле и во 72-та минута поради потешка повреда на коленото мораше да излезе од терен.
Замина со солзи во очите додека го изнесуваа од теренот, а првите проценски се дека има оштетување на менискусот и кинење на лигаментите, но дополнителните прегледи ќе треба да ја дадат точната дијагноза.
Видал има 36 години, најмалку го чека една година пауза, а поради возраста во Чиле веќе најавија дека тој повеќе нема да игра фудбал и ќе се пензионира од професионалниот фудбал.
