Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вицегувернерката Нацевска: Зеленото кредитирање и натаму расте, Народната банка презема мерки за поддршка
Македонија

Вицегувернерката Нацевска: Зеленото кредитирање и натаму расте, Народната банка презема мерки за поддршка

24/06/2023

AA

„Климатските промени имаат негативно влијание врз економскиот раст и инфлациските притисоци, особено во помалку развиените економии. Сѐ поголем број централни банки гледаат на зеленото финансирање како на дел од нивниот мандат. Народната банка преку серија активности придонесува кон поттикнување на зеленото финансирање во домашната економија“, посочува вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, во интервју при работната посета на Меѓународна конференција во Киргистан, каде што се зборуваше за предизвиците за централните банки во услови на сѐ поголема дигитализација на финансиските услуги, но и во услови на зголемување на свесноста за ризиците од климатските промени.

Зголемувањето на свесноста за климатските промени и придонесувањето кон зелена одржлива средина се дел од стратегиските цели на Народната банка. Во рамките на веќе преземените активности на ова поле, вицегувернерката Нацевска посочи дека Народната банка од 2021 година е дел од Меѓународната мрежа за зелен финансиски систем, составена од централни банки и супервизорски тела и агенции, којашто има за цел да осмисли, да промовира и да развие најдобри практики во оваа област. Притоа, додаде и дека нашата централна банка започна редовно да ги објавува податоци за  кредитите за зелено финансирање, односно кредитите наменети за проекти од областа на заштитата на животна средина и енергетската ефикасност од страна на банките, а од минатата година и преку измени во инструментот на задолжителната резерва, го поттикнува кредитирањето за овие намени. Според податоците на Народната банка, на кои се осврнува вицегувернерката Нацевска во интервјуто, зеленото кредитирање бележи постојан раст, при што најголем придонес во растот имаат кредитите на корпоративниот сектор.

„За рационализирање на активностите во оваа област, Народната банка во моментов работи на подготовка на Стратегија за поттикнување на зеленото финансирање којашто, меѓу другото, би ги дала насоките за работењето на банките во областа на зелените финансии, вклучително и транспарентно финансирање“, истакнува вицегувернерката Нацевска, говорејќи за  зелената и дигиталната трансформација коишто во иднина можат да придонесат за градењето посилни економии отпорни кон шокови.

 

Во интервјуто, вицегувернерката Нацевска се осврна и на други актуелни теми. Одговарајќи на новинарско прашање, таа говореше и за неодамнешните случаи на измами и колапсот на најголемата криптоберза ФТХ, кога излегоа на виделина ризиците од загуби и висока нестабилност поврзани со криптопазарот и се забрзаа глобалните напори за внесување на криптосредствата во регулативната рамка. Притоа истакна: „На ниво на Европската Унија, беше направен суштински чекор во овој поглед со новата хармонизирана Регулатива за пазарите на криптосредства (регулатива MiCA), усвоена на 16 мај 2023 година. Регулативата не претставува пречка за користење на новите дигитални производи, но гарантира дека новите технологии спаѓаат во опсегот на регулативата и управувањето со оперативниот ризик“. Говорејќи за криптопазарот во нашата држава, Нацевска посочува дека граѓаните треба да бидат внимателни, целосно да ги разберат специфични карактеристики и ризиците коишто ги носат криптосредствата и да донесуваат издржани одлуки засновани на личната толеранција на ризик. За таа цел, Народната банка е активно вклучена во општото подобрување на финансиската писменост, бидејќи придонесува за индивидуалната, а со тоа и за целокупната финансиска стабилност“, нагласи вицегувернерката Нацевска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy