Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИЦЕ ЗАЕВ САКА, А И МОЖЕ, ДА БИДЕ САМ СВОЈ ГАЗДА ВО ДВЕТЕ „ГЕРАС ЦУНЕВ“: „Акционери, давајте ги своите сметки за да ви бидат префрлени парите, ова е последна шанса“
Економија

ВИЦЕ ЗАЕВ САКА, А И МОЖЕ, ДА БИДЕ САМ СВОЈ ГАЗДА ВО ДВЕТЕ „ГЕРАС ЦУНЕВ“: „Акционери, давајте ги своите сметки за да ви бидат префрлени парите, ова е последна шанса“

20/02/2025

AA

Вице Заев сака да биде сам свој газда на
двете компании што неодамна ги купи, „Герас Цунев Конфекција“ и „Герас
Цунев Трговија“. А, тоа му го дозволува и законската регулатива.

Еве за што точно станува збор.

Компанијата на Вице Заев, Тотал Инжинеринг, неодамна преку берзански трансакции, а потоа и преку успешни понуди за
преземање, успеа да стигне до сопственички пакети од по дури над 97 отсто во
двете компании.

И сега сака да ги откупи и сите преостанати
акции, но по фер пазарни цени по кои и претходно ги купи хартиите од вредност
на тие компании. Тоа е целосно законски дозволено, па сега Тотал може само да
префрли пари во соодветна противвредност на сметките на тие акционери, и тоа
автоматски значи дека ги откупил акциите.

За тоа Вице Заев, како управител на Тотал
Инжинеринг, ја извести инвеститорската јавност преку Македонската берза.

Значи, практично, таа фирма го исполнува
условот со кој се отвора законскиот механизам за целосен откуп на акции, со оглед што нашата
регулатива за преземање акционерски друштва
дозволува, кога некој акционер ќе достигне до 95 отсто од акциите на некое
друштво, да може да ги докупи и последните 5 отсто. Овде всушност станува збор
за задолжителен откуп во кој по
сила на закон сите преостанати сопственици ќе треба да ги продадат акциите по пазарна цена.

Во своето барање за принудна продажба
на обични акции издадени од Герас Цунев Конфекција, Вице Заев, во својство на
управител на Тотал Инжинеринг, вели дека  како преземач во постапката за преземање на
Герас Цунев Конфекција, во која се стекнал со 97,21 отсто од акциите издадени од
таа компанија, ќе го користи правото да ги купи акциите на
останатите акционери кои не ја прифатиле Понудата за преземање. 

„Преземачот Тотал Инженеринг ДООЕЛ Струмица на 22
јануари 2025 година достави барање до Централниот
депозитар за хартии од вредност да ја почне постапката за принудна продажба, односно
да ги извести сите акционери кои не ја прифатија Понудата за преземање на Герас
Цунев Конфекција за поднесеното барање за принудна продажба, со повикување да
достават податоци за сметка во банка на која ќе им се изврши уплатата за
продадените акции од Герас Цунев Конфекција, согласносо  член 63 од Законот за преземање на акционерските
друштва“, се вели во објавата од Вице Заев.

Истата објава е дадена и за Барање за принудна
продажба на обични акции издадени од Герас Цунев Трговија
АД Струмица, каде Вице Заев, односно неговата Тотал, поседува 97,11 отсто од
акциите издадени од Герас Цунев Трговија.

Како што пишуваше Фактор пред еден месец, токму Трајче Заев му ги продаде сите свои акции во двете струмички компании со предзнак „Герас Цунев“ на својот братучед Вице Заев, кој, пак, како што е познато, е брат на поранешниот премиер
Зоран Заев. 

Тогаш Комисијата за хартии од
вредност ги утврди како успешни понудите дадени од
„Тотал“ до сите преостанати акционери на двете струмички компании, за нивно
целосно преземање, а за кои тој нудеше цена од 310 денари по акција.

Токму по оваа цена ќе им
бидат платени и акциите на преостанатите ситни акционери на компанијата, за кои
се претпоставува дека некои едноставно можеби починале, или не разбрале за
понудата, или можеби не сакале да ги продадат акциите од „инает“.

Како што е познато, Вице Заев преку својата компанија „Тотал“ поседуваше
и дотогаш  прилично значајни проценти акции
во двете компании, односно во „Герас Цунев Конфекција“ имаше 73,3 отсто, додека,
пак, во „Герас Цунев Трговија“ располагаше со 73,25 проценти. Додека, пак,
неговиот братучед Трајче Заев имаше 22,5 отсто од акциите во првата, и
22,14 отсто од акциите во втората компанија.

А, покрај овие два
големи акционери, уште 39 мали акционери физички лица, во првата компанија
поседувале заедно 2,59 отсто, а во втората 2,69 проценти.

Имено, за работите да станат појасни, треба да се каже дека Тотал
инжинеринг, на 7 декември лани, им понуди на сите акционери на Герас Цунев
Трговија да ги дооткупи нивните преостанати акции, по цена од 310
денари за акција. Оваа понуда ја прифатија двајца акционери, кои заедно поседуваа 23,91 отсто од капиталот. Тоа значи дека понудата за продажба ја прифатил Трајче Заев, кој имаше 22,5 отсто, и уште еден помал
акционер од физичките лица, чии процент изнесувал 1,41 процент. Слична ситуација беше и во Герас Цунев Трговија.

Е
сега, и овие ситни акционери кои преостанаа, ќе мора да ги продадат своите
акции, и за тоа ќе добијат сосема фер цени како и оние што претходно продадоа.

Инаку,
треба да се каже и дека Вице Заев е единствен и целосен сопственик на Тотал. 

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy