
Ветувале донација за болно дете, а украле податоци и аплицирале за брз кредит
„Сакам да донирам за вашиот син“.
Вака профилот потпишан како „Петровска Анета“, го започнал разговорот со родителите на малиот Тео кој болеува од церебрална парализа и епилепсија.
Профилната фотографија на лажниот профил е од насмеана мајка која држи бебе во раце. Измамникот или измамничката тврдејќи дека живее во Канада и дека ќе донира 200 евра успеал да ги добие нивните лични податоци, објаснувајќи дека се потребни низа процедури.
Само неколку часа подоцна, мајката добила повик дека е поднесено барање за брз кредит со нејзини податоци.
Во продолжение на социјалните мрежи објавен е и разговорот помеѓу мајката и измамникот: