
Вест Хем е „ограбен“, навивачите на Арсенал собираат пари да го обештетат
Рајс дојде токму од Вест Хем за 105 милиони фунти, но навивачите на Арсенал сметаат дека е премала сума за она што го покажува англискиот репрезентативец и дека е фер „чеканите“ да добијат уште најмалку 25 милиони фунти за да се дојде до вистинската вредност на фудбалерот. Се разбира, сето тоа е шега иако парите се собираат преку „GoFundMe“.
„Бараме од навивачите на Арсенал да се обединат поради грабежот што му е извршен на Вест Хем. Затоа решивме да му компензираме на овој клуб за тоа што го ограбивме за Рајс. Стана евидентно последните 15 недели дека Еду и Арсенал профитираа од тоа што му скратија 25 милиони на Вест Хем“, се вели во објавата на фановите.
Рајс досега постигна три гола за Арсенал во Премиер лигата, но има огромен придонес во играта на лидерот на табелата во англискиот шампионат.
