
ВЕСЛИ КЛАРК: Мислам дека Србија на крајот ќе го признае Косово
Мислам дека Србија на крајот ќе го признае Косово, вели поранешниот врховен командант на НАТО Весли Кларк.
Тој изјави дека присуството на КФОР е важен фактор за зачувување на мирот и стабилноста на Балканот.
„Мислам дека и добрата работа на амбасадорот Кристофер Хил во Србија е позитивен фактор. Верувам дека правиме сè што можеме од перспектива на САД и од перспектива на НАТО за да се осигураме дека нема да има нов конфликт на Балканот. Но, знаете, многу зависи од тоа што се случува во Украина. Западните земји и Вашингтон треба да ги интензивираат напорите за да ѝ дадат на Украина поголема воена помош и да ѝ помогнат на Украина да се одбрани од руската агресија“, рече Кларк.
Се очекува дека месецов, Косово ќе влезе во Советот на Европа.
