
Весиќ вели дека Курти го покажа своето вистинско лице во Македонија
Изјавите на косовскиот премиер Албин Курти дадени неодамна во Тетово, уште се коментираат во регионот.
Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ, изјави дека Курти, го покажал своето вистинско лице во Македонија и дека неговата политика е „Голема Албанија“. Во гостување на Пинк кажа дека тој е подготвен за војна и дека нема што да изгуби. Весиќ го пофали Отворен Балкан, но и добрите односи на Србија и Унгарија.
Инаку, Курти при посета на Тетово, кажа дека Македонија треба да се држи до Косово, Албанија и Бугарија, а не кон Србија. Ова го вознемири регионот.

