Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВЕРСКИТЕ ЛИДЕРИ ГО ОСУДИЈА ПАЛЕЊЕТО НА ЕВРЕЈСКАТА ЗАЕДНИЦА Нема официјални детали дали сторителите се терористи или хулигани
Македонија

ВЕРСКИТЕ ЛИДЕРИ ГО ОСУДИЈА ПАЛЕЊЕТО НА ЕВРЕЈСКАТА ЗАЕДНИЦА Нема официјални детали дали сторителите се терористи или хулигани

15/04/2026

AA

Обидот на опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата „Бет Јаков“ претставува удар врз мирот, стабилноста и соживотот кои со векови се негуваат на македонско тло и врз кој се темели нашето општество. Секое посегнување по туѓата светиња без оглед на која верска заедница ѝ припаѓа значи нарушување на основните вредности на почит, слобода и човечко достоинство. Непочитувањето на светињата на другиот е и непочитување на сопствената светиња, се наведува во реакцијата на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и лидерите на петте верските заедници во земјава, што денеска на прес-конференција ја прочита директорката на Комисијата, Оливера Трајковска.

Таа рече дека изразуваат осуда по повод немилиот настан, што се случи во раните утрински часови на 12 април, и изразуваат солидарност и поддршка кон Еврејската заедница.

– Затоа во духот на заедништвото меѓу религиската соработка и взаемното разбирање упатуваме повик до сите граѓани да покажеме одговорност, разум и доблест и да останеме чувари на соживотот. Заемната почит е меѓу најголемите вредности кои ги поседуваме, па да ја чуваме и да ја оставиме како аманет за идните поколенија – додаде Трајковска.

На прес-конференцијата беа присутни поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх Киро Стојанов, поглаварот на Исламската верска заедница Реис Ул Улема Шаќир Фетаху, претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви и суперинтендантот на Евангелско – методистичката црква пасторот Марјан Димов.

Претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви истакна дека изразуваат реакција која истовремено е осуда и знак на поддршка за Еврејската заедница, бидејќи во Македонија верските заедници негуваат долгогодишна соработка, конструктивен дијалог и меѓусебна поддршка на секое поле.

Одговарајќи на новинарско прашање тој рече дека нема нови елементи во врска со немилиот настан, ниту инсистираат да ги добијат во интерес на истрагата од една страна, а од друга страна важно им е да се фатат сторителите.

– Есенцијално е да извлечеме поука од сето ова. Ова е ексцес кој не се случил од 1943 година кога Хитлер и неговата солдатеска ги однесоа нашите 7.144 Евреи во Треблинка. Од таму никој не се врати. Никогаш не била спалена синагога. Такви работи не се случувале во Македонија. Се надевам дека нема да дозволиме надворешните конфликти и влијанија да се прелијат во нашата Македонија каде живееме во мир, соживот и имаме разбирање и блиски односи меѓу сите верски заедници. Од сите верски заедници добивме поддршка. Не знаеме дали се терористи или се хулигани, но факт е дека Исламска држава ИСИС имаше проглас за Велигден да се палат христијанските и еврејските верски обејкти. Дали е тоа резултат на тој повик или е нешто друго, полицијата ќе утврди – рече Леви.

Ние, потенцира тој, не подлегнавме на никакви притисоци досега.

– И досега имаше 7 октомври во Газа итн. Ние како верски заедници се држевме цврсто и не дозволивме и немавме никави екцеси досега. Се надевам дека државата ќе преземе соодветни мерки за да се превенираат ваквите случувања. Целиот свет е вознемирен за сето ова што се случува на Блискиот Исток, Русија, Украина, Нигерија, Африка, тоа се стотици, илјадници жртви. Една мала Македонија треба да си го чува мирот, спокојот и соживотот. Имаме апсолутна доверба во нашите власти и нашата полиција. Искрено се надевам дека полицијата има повеќе податоци. Верувам дека во корен ќе се сузбијат сите такви верски нетрпеливости кои се шират меѓу младите, меѓу недобро намерните – додаде Леви одговарајќи на новинарско прашање.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Парада на гордоста во Скопје, се бара правно признавање на

20/06/2026
Македонија

Регистрирани десет пожари на отворен простор, еден е сè уште

20/06/2026
Македонија

ССМ: На четиричлено семејство му се потребни над 68.000 денари

20/06/2026
Македонија

Намалување на цената на горивата од понеделник, најави Мицкоски

20/06/2026
Македонија

Долги колони утрово на граничните премини кон Грција: се чека

20/06/2026
Македонија

Списокот за новиот владин кабинет до 1 јули пред пратениците,

20/06/2026
Македонија

Железницата запира: Десет дена без возови кон Велес, Битола и

20/06/2026
Македонија

Коалицијата „Менуваме“ најавува протест и бара правда за лицата со

20/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43846
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Парада на гордоста во Скопје, се бара правно признавање на родот, Закон за матична евиденција,

20/06/2026

Со пораки за еднаквост, прифаќање и видливост, денес од фонтаната „Лотос“ во Градскиот парк започна осмата Парада на гордоста во

Регистрирани десет пожари на отворен простор, еден е сè уште активен

20/06/2026

До 18 часот, на територијата на целата земја се регистрирани десет пожари на отворен простор, од кои девет се целосно

ССМ: На четиричлено семејство му се потребни над 68.000 денари месечно; храната „голта“ третина од

20/06/2026

Четиричлено семејство во Македонија во јуни 2026 година имало потреба од најмалку 68.654 денари за покривање на основните месечни трошоци,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy